Таг: одбојка

Италијанските одбојкари везеа со топка пред мечот со Македонија

Пољаците пред една недела ја совладаа убедливо Италија со 3:0 и ја освоија европската одбојкарска титула. Без разлика што турнирот е завршена приказна, админот на официјалниот профил на Твитер, уште објавува видеа. Последното е со загревањето на Италијанците пред осминафиналниот меч против Македонија во Бари. Ко Баџо и Дел Пјеро да ги гледаме.

Одбојкари на Шкендија и навивачи се гаѓаа со столчиња и шишиња

Уште на одбојка немавме видено дивеење и ете ти. Сцените се од Велес од мечот Борец - Шкендија кој заврши 3:2. Во клинч се домашната публика против гостинските одбојкари. Се гаѓаат со што ќе стигнат. Луда работа.

Италија е нов европски шампион во одбојка

Во фантастично финале во арената „Сподек“ во полскиот град Катовице, Италија со 3:2 во сетови ја совлада тврдата Словенија и стана нов европски првак. Неколку недели претходно и одбојкарките на Италија станаа европски шампионки.

Бразилски одбојкар постојано игра со маска

По големото одбојкарско дерби меѓу светските сили Русија и Бразил, многумина ги заинтересира бразилскиот одбојкар Лукас кој беше еден од двајцата на целиот терен кој не ја спушти маската воопшто.

Што е со одбојкарскиов сервис?

Чудни работи видовме деновиве во спортовите кои се играат со топка. Во само неколку дена се случија три нереални фудбалски утки на празен гол, потоа дански фудбалер ја префрли топката преку стадион, а на игрите во Токио, италијански одбојкар сервираше во небо.

Вилт Чемберлен бил врвен одбојкар и основал одбојкарска лига во Америка

Ѕвездата на НБА во '60-те и '70-те години бил најпопуларен кошаркар на светот. Многу негови рекорди ден-денес не се срушени и се вечни. Но малку кој знае дека имал и огромно влијание врз американската одбојка.

Лудорија од одбојкарски поен откако им ја врати од паркинг

Со оглед на динамиката и неизвесноста кои ги има пред секое префрлање топка преку мрежа, ова одбојкава не знаеш што може да приреди. На Светското во Јапонија еден Пољак фати да им ја враќа на Бразилците со нога по што неговиот колега направи нестварен обид да ја победи логиката. И ја победи.

Иран има халал „да пукне“

По ирански закон машко и женско кои не се во сродство / брак не смеат да имаат никаков физички контакт, а ирански закон важи дури и да си репрезентативка на турнир во Хрватска.

Режија, се слушаме?

Заебан момент. Додека се интонираат химните, сите мирно стојат, а ти мораш да моташ кабли и држиш камера кон секој играч поединечно.

Македонија се пласираше на Европско првенство во одбојка

Одбојкарите се дискретните херои на почетокот на новата 2019 година. Со убедлив триумф од 3-0 над Унгарија, најдобрите македонски одбојкари го остварија сонот да се пласираат на едно Европско првенство.

Ај па до вечер ќе завршите

Женскиве се од Америка, а инаку ги краси страшна упорност, пожртвуваност и концентрација. Нема загубен поен за нив, а ова е еден од најдолгите кои сме ги виделе во одбојката. Го гледаш и мислиш дека нема крај.

Спортот кој доживеа најмногу промени а остана убав за гледање

Деновиве одбојката ги нуди најдобрите натпревари од Светското првенство каде останаа врвни репрезентации. Вечерва се играат натпреварите од Final Six, последна фаза пред полуфиналните битки а тоа е шанса овој спорт уште повеќе да се популаризира.

Зајцев сервираше 134 км на час и постави светски рекорд

Иван Зајцев има 29 години но веќе може да го вброиме меѓу великаните на светската одбојка. Роден е во Италија, игра за италијанската репрезентација иако има руски корени.

Одбојкарски сервис до небо

Италија ја совлада Канада со 2:1 и се пласираше во осминафиналето на одбојкарскиот турнир во Рио. Италијанците предизвика овации на отворена сцена со сервис по кој мислиш дека топката на кров ќе остане.

Мотивациониот говор на селекторот на Србија

Одбојкарската репрезентација на Србија синоќа во финалето на Мундиналот во Полска го совлада Бразил со 3:0 и по шест одиграни финалиња стана Светски првак за прв пат во својата историја. Вака изгледаше еден од нивните тајмаутите предводени од нивниот селектор Никола Грбиќ.

Најдобрата одбојкарска монтажа

Сè e лудо и откачено во видеово, од тренер, публика до коментатори, а најлуд е начинот на кој е измонтиран завршниот поен.

Северна Кореја ти дава стан, кола и работа, а не ти стигаат сметки

Сликата која ја имаме за Северна Кореја е погрешна, тврди Бранислав Моро, одбојкарски тренер од Србија кој чека втор договор од лидерот за да остане таму. Живеел во 11 земји и преку 10 точки раскажува за најмистичната во која владее најголема диктатура.

Југославија vs Русија на Олимпијада

Снимката е од Сиднеј 2000 година и е жив пример дека во одбојката ништо не е загубено се додека не ја видите топката на паркет.

Реми Гаљар на одбојка

За неговите циркузи, горе долу знаеме сите, а еден од моментите кои го прославија е неговото појавување од публика на паркет за време на интонирање на Марселјеза. Преносот од мечот одеше директно на Еуроспорт.

Одбојкарски поен кој живот значи

Во оној момент кога ќе помислите дека некоја ќе успее да ја забие, нема да ја забие и тоа ќе потрае малку повеќе. 

Нереален одбојкарски поен

Минатата недела во Рио де Жанеиро се играше Светската лига во одбојка која што ја освои Франција, но поенот на месецот дојде од Панамериканските игри и мечот Канада - Мексико.

Одбојкарскиот живот во Сибир на Филип Деспотовски

На 5.500 км од Скопје во едногодишна руска авантура беше Филип Деспотовски, еден од најистакнатите македонски одбојкари. Ни раскажа како се дише на -40, како колите се палат сами, а за одбојката во Русија вели дека е популарна како НБА во Америка.