Ѕвездата на ЛА Лејкерс по цели денови играл одбојка на плажа и станал еден од основачите на првата професионална одбојкарска лига во САД. Благодарение на Чембрлен одбојката добила на популарност и за овој спорт првпат пишувал и New York Times.
Благодарение на Чемберлен дури и на телевизија биле пренесувани првенствени натпревари од одбојкарската лига.
ВИЛТ ЈА ПРЕНЕЛ МОДАТА ОД ПЕСОЧНА ПЛАЖА ВО НБА
На почетокот на сезоната 1969/1970, Вилт доживеал тешка повреда на едното колено. поради која ја пропуштил скоро цела сезона. И рекол на управата дека дел од неговата рехабилитациска програма ќе пројде на песок - уште во летото 1969-та се запознал и со најдобриот американски одбојкар на плажа Јуџин Селзник.
„Вилт дојде кај мене и ме праша дали можам да го научам да игра одбојка. Го однесов на плажа и го запознав со нов начин на живот. Имаше голема страст кон одбојката и не играше лошо за 34-годишен почетник“, раскажал Селзник во едно интервју за магазинот Volleyball.
И Чембрлен и Селзник биле ергени, не биле женети па често излегувале, шетале и станале блиски пријатели. Се дружеле 30-ина години, сè до смртта на Вилт.
Селзник раскажал дека Вилт дури и кога носел гипс на ногата, не прекинувал да ужива во одбојката, па додавал, вежбал од место и некои потези повторувал многу пати. Кога му ги тргнале гиспот, одбојката му помогнала да се врати во форма.
За извесно време Вилт Чембрлен ги закрепнал мускулите, влегол во ритам и се вратил таман за плејофот во кој Лос Анџелес Лејкерс стигнал до финале каде изгубил од Њујорк Никс 4-3 во серијата.
Таа сезона Чембрлен почнал да го носи фамозниот појас на глава во златните бои на Лејкерс, појас по кој заедно со стегачите на двете раце станал препознатлив. Години подоцна овие аксесоари (појаси и стегачи) станале моден дел од НБА.
Вилт вели дека идејата му дошла при гледање одбојка кога играчите врзувале на глава маици или други работи за потта да не им оди во очи.
Во пред-сезоната 1970 Вилт почнал одлично да игра одбојка на плажа. Тој бил слаб на прием и во одбрана, но затоа неговиот блок поради висината од 216 см и страшно долгите раце им правеле проблеми на сите екипи. Но најстрашни биле нападите на Чембрлен.
Член на одбојкарската Сала на славните Лери Рендл еднаш раскажал дека смечовите на Вилт биле посилни дури и од оние на професионалните одбојкари.
Сосема очекувано, секое појавување на НБА ѕвездата на плажите собирало толпа народ (замислете денес на плажа го гледате Леброн Џејмс како игра одбојка).
НАПРАВИЛ ПОВЕЌЕ ЗА АМЕРИКАНСКАТА ОДБОЈКА ОД КОЈ БИЛО
Вилт Чемберлен организирал национални турнири за најдобрите американски одбојкари. Во тимот влегле Олимпијците Селзник, Рандл, Бач Меј, Руди Сувара и Чембрлен. Во чест на најпознатиот член на екипата, тимот го нарекле Wilt’s Big Dipper.
Од почетокот на јуни до средината на јули 1970-та, екипата одела на турнеа по САД и играла во големи и мали градови против локални клубови. Натпреварите на кои играла и легендата Чемберлен собирале по 3-4.000 гледачи. Вилт заработувал по 1.000 долари од натпревар а останатите четворица играчи добивале по 100 долари што биле одлични пари за одбојкари во тоа време. За Чембрлен секако тоа биле пари за џепарлак зошто тој во Лејкерс земал 250.000 долари по сезона!
„Целото внимание беше посветено на нашата одбојкарска еипа зошто Вилт беше најпознат спортист на светот. Пишуваа за нас сите весници и магазини. Он направи повеќе за американската одбојка од било кој друг. Кога сакаше правеше шоу за навивачите. После натпреварите стотици луѓе чекаа во ред за автограми кои тој радосно ги даваше со трпение“, раскажал Селзник во 2003-та.
„Повеќето луѓе доаѓаа само да го гледаат Вилт. Исто и ние уживавме во негова близина, беше забавно. Играјќи против најдобрите тимови во земјата, победивме на 87 од 88 меча! Единствен пораз ни беше на Хааи“, Роберт Чери го цитира одбојкарот Рендл во книгата Wilt: Larger Than Life
САКАЛ ОДБОЈКА НА ПЛАЖА ПОРАДИ АТМОСФЕРА И ДЕВОЈКИ
Одбојката никогаш не била посебно популарна надвор од Калифорнија и Хаваи, но кога дошол Чемберлен многу луѓе почнале да обрнуваат внимание на овој спорт.
Навивачи од цела земја почнале да ја гледаат одбојката како нешто повеќе од проста игра. А после почнале и преноси на турнирите од одбојка на плажа со учество на спортски градени и привлечни девојки во бикини што уште повеќе ја зголемило популарноста на играта.
Чемберлен сакал одбојка но ја сакал и атмосферата околу неа. Бил маѓепсан од начинот на живот во Калифорнија: прекрасни песочни плажи, играње карти, одбојка, ноќни журки и многу девојки.
Вилт секогаш бил слободен и бунтовен, а Америка на почетокот на '70-те доживеала културолошка и сексуална револуција особено на Западниот Брег. Вилт бил среќен што ја живеел таа сексуална револуција. Во својата автобиографија тој пишал дека спиел со околу 20.000 жени.
Поради страста кон одбојката на плажа тој имал проблеми со управата на Лејкерс која често му замерувала што доаѓа неколку минути пред натпреварите, што пуши цигари и пие по литар 7Up.
Но го истрпеле затоа што во 1972 година станале шампион на НБА, а Чемберлен ја добил наградата МВП. Вилт ја завршил кариерата во НБА во 1973 и продолжил да ужива во одбојка.
ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА ОДБОЈКАТА НА НАЈВИСОКО НИВО
Во 1974-та Чемберлен станал еден од основачите на првата одбојкарска професионална лига во САД која го добила називотInternational Volleyball Association (IVA). Меѓу основачите бил и продуцентот добитник на Оскар Дејвид Вулпер, генералниот директор на Paramount Бери Дилер и основачот на Motown Records Бери Горди, како и спортскиот функционер Мајкл О'Хара.
Во првата сезона имало пет тима, а после се проширила на седум. Моќниот Вилт Чемберлен (216 см, 125 кг) во дебитантската сезона бил играч и сопственик на клубот „Калифорнија Бангерс“ а после играл и за Лос Анџелес Старс.
„Неверојатно беше тешко да се сопрат неговите напади. Такви силни удари претходно никој не видел. Он беше страшно оружје“, рекол неговиот соиграч Крег Томпсон.
Во 1977-ма се организирал и Ол-Стар меч на одбојкарската лига кој го пренесувал CBS Sports во живо.
Чемберлен станал и комесар на лигата која наскоро почнала да има многу проблеми. Најголема мака имале со отсуство на телевизиски договор, ни еден тв канал не ризикувал да купи неразвиен производ. А без тој договор лигата била лишена од средства, зошто со картите од 5.000 гледачи на трибините не ги покривале сите расходи.
Освен тоа, сопствениците на клубот Денвер Кометс, Роберт и Дејвид Кејси биле уапсени на полувреме од еден натпревар поради продажба на наркоцити.
Од тој момент лигата паѓала во пропаст и по сезоната 1979-та згаснала.
Чемберлен не успеал да создаде лига аналогна на НБА или хокеј НХЛ или бејзбол лига, ама успеал со неговото влијание да го популаризира овој спорт. Американците во 1984 и 1988 освоиле злато на Олимписки Игри и многу биле убедени дека тоа бил резултат на одбојкарскиот бум кој го направил Чемберлен.