Единствениот странец

Северна Кореја ти дава стан, кола и работа, а не ти стигаат сметки

Сликата која ја имаме за Северна Кореја е погрешна, тврди Бранислав Моро, одбојкарски тренер од Србија кој чека втор договор од лидерот за да остане таму. Живеел во 11 земји и преку 10 точки раскажува за најмистичната во која владее најголема диктатура.

Ние читаме дека таму децата се гладни, а децата им се на пијадесталот во однос на нашите. Имаат подобри услови и подобра грижа за нив, почнувајќи од банални нешта. Теренот околу градинките им е поставен со гума од 5 см и тоа им е стандард, за да не се повреди кога ќе падне дете, вели Моро единствениот странец во северно корејскиот спорт.

ПРАВИЛО БРОЈ 1

„Кога одите таму прво ви објаснуваат дека не постои Јужна Кореја. Јужна се вика Кореја, а Северна го носи називот Демократска Народна република Кореја. Само таков однос прифаќаат и такво обраќање спрема државата. Кореја е наклонета спрема Америка, а ДНР Кореја спрема Кина и Русија“.

ЧУВАНО ЛИЦЕ

Низ град се шета слободно и има статус чувано лице, како единствен странец во светот на спортот. Вели дека поминал низ скенер за да се вработи, но не мисли дека е нешто поразлично од другите земји каде работел.

„Претпазливи луѓе се и за сè водат сметка. Моите тренинзи секогаш се снимаат со камери, што на почеток ми пречеше, но после сфатив дека аналитички се однесуваат спрема сите работи“.

ЖИВОТ БЕЗ ЌАР

„Оваа земја има перспектива, никој никому не должи, имаат одлична индустрија на храна. Просечна плата им е меѓу 300 и 350 долари, а стан и кола добиваат од државата. Не плаќаат школување, здравство и комуналии. Државата сè ти обезбедува“.

“За плаќање се многу флексибилни, влегувате во продавница и пишува „11“. Давате 15 долари, а ви враќаат 4. Плаќате во евра, ви враќаат во евра. Домашната валута не видов, но има продавници каде се купува само домашна роба. Постојат и фри шопови, а но не знам зошто се викаат така бидејќи купуваат и странци и Корејци“.

ДРУГИ ВРЕДНОСТИ

Моро смета дека младите во Северна Кореја имаат потполно други вредности, па и да допре нешто од Запад кај нив преку филм и музика, нема да промени многу.

„Во мојот тим сите девојки знаат да свират на клавир, виолина, што кај нас е необично. Да не спомнувам за читање книги, јас ќерка ми не можам да ја натерам две книги да прочита“.

Еднаш на тренинг им пуштил најсовремена модерна музика, но никој не бил воодушевен.

„Нив не им се допаѓа баш таква музика. Морам да ви кажам дека слушаат добра музика, имаат една феноменална женска група Моранго составена од 16-18 девојки од кои 6-7 пејат, а останатите свират“.

ГЛАВНИОТ ГРАД Е ЧИСТ

Својата приказна ја раскажува покрај искуствата во Пјонгјанг.

„Не можам да тврдам, но според моите информации се развиваат уште десетина други големи градови на море спрема Јапонија каде се градат летувалишта“.

Цел ден во СПА центар толку модерни што во нив направиле и вештачки бранови. Тоа чини 2 долари.

„Давам 100 долари, ако најдете хартија на улица. Пјонгјанг како град е среден, улиците се широки и сè е средено. Работите кои ги имаат не се споредливи. Ифраструктурата која ја имаат, ние ја немаме, не само во Србија, туку во Европа. Јас живеам покрај хотел кој сега се средува и е висок 250 метри“.

СЕ ДРУЖАТ

Објаснува дека таму нема ноќно излегување како тука, едноставно немаат навика толку да излегуваат.

„Сепак многу се дружат. Одам в град и пред секоја зграда има одбојкарски терен и околу 6 часа сите играат одбојка. Тие кои не играат, навиваат. Се дружат, како ние за време на бомбардирањата. Зависат едни од други, се дружат многу, по цели згради излегуваат на улица и јас ги гледам чудно“.

ФАНАТИЧЕН ИЛИ ФАНТАСТИЧЕН ОДНОС СПРЕМА ЛИДЕРОТ?

„Обично може да прочитате дека односот спрема лидерот изгледа фанатично, но мене ми изгледа фантастично. Би сакал и ние исто така да го сакаме нашиот претседател, кој и да е и од која политичка партија да е. Претседателот заслужува да биде почитуван од народот кој го избрал, а со тоа и да го сака. Тие норми би требало да важат за секој претседател и секоја земја“.

„Доживеав уште една комунистичка земја во која сум работел, тоа е Кувајт, а таму кога земеш кредит ќе ти го простат. Нема подобар комунизам од оној во Кувајт, тоа е најголема комунистичка земја која постои. Но таму уште се жалат дека им е малку. Седев еднаш во едно друштво и дојде еден човек од Кувајт и рече: `Ова е никаква земја. Жена ми ќе купи чанта и сега немаме до крајот на месецот`. Инаку чантата која ја купила жена му чини 6.000 евра. За малку не го удривме“, вели Моро.

ЗА СПОРТОТ

„Што се однесува до спортот и условите можам да кажам дека имам веројатно подобри услови за работа отколку во 90% од клубовите во Европа. Имам подобри услови од Германија, а да не зборувам за нашите услови“.

Работи во клуб под назив „425 спорт клуб“, а 425 е ознака на армијата која е задолжена за областа спорт. Тоа е една армија задолжена за спорт, бидејќи 90% од спортот го регулира армијата, а остатокот полицијата.

„Тоа не е необично, таков систем се практикува во некои региони во Кина“.

“Вложуваат многу во спортот, дури има и улица во Пјангјонг која се вика „Младост“ на која се наоѓаат 32 спортски сали со трибини. Секој спорто има своја сала. Одбојката има посебно место, а популарен е и фудбалот“.

НЕ СЕ НЕУКИ

Што се однесува до медиумите и следењето на ситуацијата во светот, велат дека на интернет е лесно да се спореди сликата од светот со онаа која тие ја пренесуваат.

„Што се однесува до интернет не ги интересира некои работи, како на пример Фарма или други реални шоу кои ги немаат. Тотално одат во друг правец. Имаат своја национална телевизија и тоа е тоа. Според мене, личат на поранешна Југославија. Имаат производство на компјутери, сите знаат да работат на нив, но само тоа што им е за работа. Добро се упатени’.

ЕДИНСТВЕН МИНУС

За 30 години кариера бил тренер во сите белградски прволигашки клубови, бил тренер на репрезентација, но не можел да живее од својата работа, затоа заминал во странство. Во Северна Кореја има една и единствена мака кај него.

„Ги немам пријателите со мене и роднините, а ќерка ми кога наполни 11 години ме праша: Тато си бил ли некогаш на мојот роденден? Не сум бил никогаш бидејќи е во февруари, а мене сезоната тогаш ми е најжешка и завршува во април/мај“.

Со генералот или лидерот преговара од Србија да земе уште луѓе во оваа за остатокот од светот и понатаму мистична земја.

20 јануари 2016 - 20:00