Во средата машката одбојкарска селекција на Бразил изгуби 0:3 од Русија, а со тој триумф Русите убедливо се први во групата со девет бода по моќните победи над Аргентина и САД. Еден Бразилец играше со маска цел меч.Покрај него со маска играше и неговиот соиграч Маурисио Борхес кој влегуваше како замена од клупата.
Лукас на прашањето за маската, одговорил:
„Секогаш играм со маска уште од почеток на пандемијата. Многу е важно за моја заштита и заштита на моите соиграчи. Тоа никако не влијае на квалитетот на моите настапи, одлично се чувствувам со маска“.
Во октомври 2020-та Лукас веќе играл со маска во бразилското првенство и тогаш првпат го прашале зошто не ја симнува:
„Син ми Тео има проблеми со белите дробови и има склоност да крева температура. Потојаното носење маска ми е само со цел да го намалам ризикот да не го заразам него. Луѓето ми пишуваат дека во маската нема никаква смисла и дека не тестираат, но не тестираат само на секои четиринаесет дена. Меѓу тие циклуси има многу време.
Секој играч од екипата може да се зарази и да му го пренесе вирусот на друг. Маската ако ништо друго барем го ја намалува веројатноста од зараза. Сите сме должни во оваа ситуација максимално да водиме сметка за себе и за блиските“, рекол Лукас во интервју за Web Volei.
Но има уште една причина поради која Бразилецот и тренира и игра со маска: не сака да заглави 14 дена во карантин. Тој се уште памти како му било кога прележал Ковид пред да му се роди детето.
„Ужасно беше, зошто при секој нов тренинг сите мускули многу ме болеа. Имав преоптоварување што е многу заморно но целосна пауза и лежење на каучот е многу поштетно. За среќа тие месеци имав можност да одам во теретана, се држев во форма и дури и сам работев со топка“.
На Олимписките Игри во Токио маска треба да носат сите во стручниот штаб и резервните играчи, но некои се жалат дека им смета и дека тешко дишат. Лукас за тоа вели:
„Со тек на време е непријатно. Но одбојката има брзо темпо и прекини, така што тешко дишење за кое сите зборуваат, нема. Мислам дека да се игра одбојка со маска е полесно отколку фудбал каде има многу повеќе трчање“.
Во женската селекција на Бразил, со маска игра Макрис Карнеиро. Таа сака да ги побуди и останатите да го следат нејзиниот пример.
„Мислам дека е многу важно да се носи маска и да се почитува социјална дистанца во време на пандемија. Не ми смета и не ми прави непријатност кога сум на терен и така можам да инспирирам многу луѓе да почна да ги носат своие маски“, вели Карнеиро од ОИ во Токио.