Загриженоста за позицијата на христијаните доаѓа од компилација владини и невладини парламентарци.
Германскиот комесар за религиозни слободи, Маркус Грубел, за Велт изјавува дека нападите во Шри Ланка се дел од глобален тренд.
Поранешниот парламентарен лидер на ЦДУ, Волкер Каудер, во интервју за Билд го осуди „растечкиот прогон на христијаните низ цела Азија.“ За Каудер бомбашкиот напад во Шри Ланка не е изолиран случај, туку се должи на тоа што „националистичките движења на будистите, хиндусите и муслиманите, таму стануваат се повеќе и повеќе милитантни“.
Заменикот лидер на парламентарната група на либералните Слободни демократи, Михаел Тојрер, за Велт изјавува дека над 100 милиони христијани живеат во држави во кои „основните човекови права и религиозни слободи моментално не се почитуваат“. Тој ги наведува Кина, Северна Кореја, Пакистан и Нигерија, каде христијаните се „најголемото малцинство што се прогонува“.
На сличен став е и ЕУ парламентарецот од Зелените, Свен Гиеголд, според кој верските слободи на христијаните низ светот се загрозени, па тој повикува „Европа без одложување да го крене својот глас во светот за правото на религиозна слобода“.