Станува збор за познатата „Оче наш, кој си на небеса...“
Папата ризикуваше да го навлече гневот на верските традиционалисти па реши да го промени стихот „Не воведувај нè во искушение“ кој отсега ќе гласи „Не дозволувај да паднеме во искушение.“
На прв поглед ова се чини како тривијална и неважна промена но во неа се крие здрава поента: Каков е тој Господ кој самиот те воведува во искушенија и те с'ска да направиш грев? Нели е тоа малку ѓаволесто од негова страна? Нели не му личи на изворот на целата добрина така да ни прави?
Затоа, отсега нас други сили ќе нè воведуваат во искушенија (ѓаолот и неговиот нетворк) а на Отецот ќе му се молиме да не нè остави да паднеме во нив.
Чиста работа.
Одлуката на Франциско е потврдена од генералното собрание на последната Епископална конференција и промената ќе биде извршена во следното издание на Messale Romano, литургиската книга која ги содржи официјалните лирикси на католичките миси.
Бидејќи се во потрага по мајка, МПЦ многу-многу не се занимаваат со Отецот.
*******
Уште нешто од Франциско:
Не расправајте се со Ѓаволот, дечкото е попаметен