Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Научно темелен апел да не се уништува запленетата марихуана

15 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Луѓето кои користеле канабис во која било фаза од својот живот имаат поголеми волумени во мозочните региони поврзани со меморијата, учењето и извршните функции.
  • Користејќи податоци од над 25.000 луѓе на возраст меѓу 40 и 77 години, истражувачи откриле дека умерената употреба на канабис во текот на животот е во корелација со зголемување на големината на четири битни региони во мозокот - хипокампусот, амигдалата, каудатното јадро и и путаменот.
  • Со оглед на тоа што овие мозочни региони се поврзани со клучни атрибути како што се емоциите, моторната контрола и меморијата, истражувачите решиле да истражат како употребата на канабис влијае врз когнитивната кондиција од средината на животот па понатаму.
  • Испитувајќи податоци од 16.728 лица, уште еднаш потврдиле дека умерената употреба е поврзана со подобри перформанси во задачи што вклучуваат учење, брзина на обработка на податоци и краткорочна меморија.
  • Неодамна во Македонија беа запленети 40 тони марихуана. Знаете ли колку мозочен волумен може да добие колективниот ум на Македонецот кој во свeтски споредби и онака кубури со IQ?
  • Кажавме што имаме да кажеме.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

АНБ со мирис на УДБА

8

Размислете за храната

Медиуми
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Почина Биљана Плавшиќ

5

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
6

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

ВМРО Интимна

Зајаче со упатство

Вечна им слава на некодошите

Вонегат: Кривата на приказните

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy