Три минути

Сведоштво на странец кој се возел со воз во Јапонија. Имало некој проблем па возот застанал на многу кратко меѓу две станици. Дури тогаш почнале изненадувањата за овој патник. Следувале извинувања, соопштенија, сертификати со потпис и со печат. Пријатели му објасниле, во Јапонија, да се стигне на време не значи да се стигне отприлика на време. 

Се возев со воз во Токио.

Застанавме помеѓу станиците. Соопштија на јапонски, потоа на англиски:

„Се извинуваме за доцнењето. Ќе продолжиме наскоро.“

Доцнењето беше можеби 3 минути. Ништо страшно. 

Кога возот повторно тргна, дојде уште едно соопштение:

„Искрено се извинуваме за доцнењето. Стоевме 3 минути и 20 секунди. Ова е неприфатливо. Ви благодариме за вашето трпение.“

Три минути и дваесет секунди. Измериле точно. И го нарекоа тоа неприфатливо. Кога се симнав на мојата станица, на перонот имаше персонал од станицата кои се поклонуваа и ни делеа потврди за доцнењето.

Зедов една потврда од љубопитност. Тоа беше официјален документ во кој се наведуваше дека возот доцнел за 3 минути и 20 секунди, потпишан, со печат.

Ми објаснија:

„Тоа е за вашиот работодавач. За да знаат дека доцнењето не е ваша вина.“

Реков дека сум турист, дека не ми треба. Изгледаше збунето.

„Но доцнењето сепаак ве погоди. Заслужувате извинување.“

Три минути. Тие го третираа доцнењето од три минути како голем инцидент. Подоцна им го спомнав ова на јапонски пријатели. Ми рекоа:

„О, да, потврдите за доцнење се нормални. Возовите треба да стигнат точно на време. Ако доцнат, мора да се извинат“.

Реков дека три минути не се доцнење, дека тоа не е ништо. Пријател ми кажа:

„Во Јапонија, три минути се доцнење. На време значи - на време. Не значи - отприлика на време“.

Ми рекоа дека железничката компанија ќе истражува зошто имало доцнење од 3 минути. „Ќе ја пронајдат причината и ќе ја поправат за да не се случи повторно“.

Го задржав сертификатот. Стои врамен во мојот стан.

Потсетник дека некаде во светот, на луѓето им е гајле за три минути.

*извор

16 мај 2026 - 20:26