Трамп сака империја од 55 држави на три континенти

Уште во Монровата доктрина, на другите империјални сили им се порачa дека западната хемисфера е американски двор и нема што да бараат таму. Верзијата на Трамп е даалеку поагресивна па дворот се протега и го Гренланд. А ако Венецуела, Куба, Гренланд, Панама... поради причини кои Трамп не ги разбира (суверенитет, самоопределување...) нејќат да станат нова ѕвезда на американското знаме, ене кај е Марс.   

За да се орасположи од не баш ведрата ситуација во која заглави со војната во Иран, американскиот претседател деновиве пак се сврти кон Венецуела, претставена во дезенот на американското знааме како 51-ва држава. 

Некои мислат дека се шали, тие што го познаваат викаат дека тој никогаш не се шали. Подоцна и за Фокс њуз кажа дека сериозно размислува за Венецуела како дел од Соединетите Американски држави.

Венецуела е земја со речиси 29 милиони луѓе. Би била трета по население, по Калифорнија и Тексас.

Верува дека луѓето во таа држава би немале ништо против.

„Венецуела сега е многу среќна земја. Беа мизерни ама сега се среќни,“ изјави Трамп.

Постои долга традиција американските претседатели да гледаат подалеку од границите на Америка и да грабаат блиски парчиња територија (така САД дојдоа до сегашниот облик). Но, Трамп оди подалеку од кој било претходник:

Венецуела е оддалечена преку 2.250 километри (Скопје - Париз е 1670 км).

Смета тој и на Куба. На почетокот на мај, рече дека САД ќе ја „преземат“ Куба „речиси веднаш“. Носачот на авиони Абрахам Линколн би се паркирал стотина метри од брегот и Кубанците ќе кажат: „Ви благодариме многу. Се откажуваме.“

Личи на стандардно фалбаџиство на Трамп но и на неговиот омилен начин да излезе од една криза: така што ќе создаде друга. 

Медиуми објавија дека бројот на разузнавачки летови над Куба за собирање информации е зголемен на истиот начин на кој претходно биле зголемени таквите летови над Венецуела и Иран.

Трамп има своја верзија на Монроовата доктрина, која ја нарекува Донроова доктрина. Монро им порача на европските сили да престанат да ја колонизираат Америка. Западната хемисфера е сфера на влијание на САД, рече тој, држете се подалеку од нашиот двор.

Доктрината Донро е поагресивна верзија  - дворот на Америка очигледно се протега до Гренланд.

Тоа отворено го образложи Стивен Милер, еден од најдоверливите помошници на Трамп, кога за киднапирањето на венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, го отфрли националниот суверенитет и самоопределувањето како „меѓународни финти“.

„Живееме во свет, во реален свет... кој е управуван од сила, управуван од моќ. Тоа се железните закони на светот“.

Во 19 век, САД ги додадоа Флорида, Тексас, Калифорнија, Ново Мексико, Невада, Јута, Аризона и делови од Колорадо и Вајоминг - сите земени со сила.

Трамп еднаш рече дека би било „добра идеја“ да го стави својот сурат на планината Рашмор. Додавањето на уште некоја држава може да помогне во тоа.

Ако Венецуела, Куба, Гренланд, Канада, Панама и други не сакаат да бидат нови ѕвезди на американското знаме, Трамп може да фрли поглед уште подалеку.

„Ќе ја следиме нашата Манифестна судбина во ѕвездите“, рече тој. “До бесконечност, и понатаму...“, кажа на втората инаугурација.

********

Види и:

Запад веќе не може да го излаже светот

18 мај 2026 - 10:55