Почина легендарниот карикатурист Коракс
17 мај 2026
- Во 93-тата година од животот почина феноменалниот автор на политички карикатури Предраг Кораксиќ Коракс, еден од најострите и најдоследни коментатори на општествените и политички прилики во Србија и пошироко.
-
Карикатури почнува да објавува веќе на 17 години, во 1950 година, во сатиричниот магазин Јеж. Повеќе од три децении работел во Вечерње новости од каде бил тргнат поради политички причини, по што почнува да објавува во медиуми кои некогаш важеа за независни: Време, Данас, Борба, Пешќаник, Радио Слободна Европа.
-
„Беше честит, бескомпромисен човек, исклучително чесен, а а вистинска политичка карикатура нема без чесност,“ кажа за Коракс неговиот колега Душан Петричиќ.