- По неколку експерименти со Енцо Мареска и Лиам Розениор, управата на Челси по катастрофалната сезона во која се на 9. место во Премиер лига, изгубија во финале на ФА Куп и нема да играат во еврокупови ниту следната сезона, се решија за проверено име.
- На клупата на сините седнува Шпанецот Чаби Алонсо кој после чудата со Баер Леверкузен со кој освои двојна круна во Германија и играше финале на Лига Европа, отиде во Реал Мадрид но таму неговите методи не беа прифатени и не се прослави.
- Се очекува Баскиецот да ја стабилизира екипата, да постави свои принципи на работа и Челси конечно да се врати на старата патека на успех.
- На рангирањето на УЕФА, Македонија е во група од седум земји кои моментално останаа само со еден претставник во Европа.
- Македонскиот фудбал на клупски план моментно е во ранг со земји како Лихтенштајн, Малта, Гибралтар, Црна Гора, Велс и Сан Марино.
- Вардар испадна од Рига, а Силекс од Динамо Минск во квалификациите за Конференциска лига. Само Шкендија уште е во игра на меѓународна сцена. В четврток во Скопје ќе играат реванш дуел против Браво од Словенија, кој има предност од 2:1 од првиот дуел.
- Легендарниот Роберто Манчини повторно ќе седне на селекторското столче на Италија откако денес се договорил со првиот човек на Фудбалската федерација на оваа земја, Џовани Малаго.
- Првично откако Паоло Малдини и Леонардо добија функции во италијанскиот фудбалски сојуз, овие двајца го сакаа Андреа Пирло за нов селектор. Претседателот на федерацијата Малаго категорично го одбил тој предлог после што двајцата после само 16 дена заминале од функцијата зошто „зборот не им вредел“.
- За нов технички директор е назначен Клаудио Раниери.
- Роберто Манчини за некој ден ќе биде претставен како нов селектор на Италија. Тој веќе ги водеше аѕурите и им донесе европска шампионска титула во 2021 во епското финале против Англија на „Вембли“. Тој беше тренер и на Лацио, Интер, Галатасарај и Зенит а ја водеше и селекцијата на Саудиска Арабија.