- Првиот човек за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк, изјави дека вооружените беспилотни летала стојат зад 80% од смртните случаи поврзани со конфликтот во Судан и тоа е водечка причина за цивилните жртви.
- Беспилотни летала се обезбедуваат од секаде: Кина, Русија, Турција, Обединетите Арапски Емирати, преку мрежи што ги вклучуваат Етиопија, Чад и Либија.
- Лани бројот на загинати од дронови бил покачен за 600% а годинава, помеѓу јануари и април на тој начин биле убиени најмалку 880 цивили, бидејќи нападите сè повеќе се насочени кон цивилна инфраструктура, вклучувајќи болници и училишта.
- Инаку, војната главно се води меѓу војските на два генерали, Абдел Фатах Бурхан, кој ја преводи официјалната армија и генерал Мохамед Хамдаан Дагало, кој е на чело на главната паравоена формација во Судан.
- Вооружените конфликти меѓу нив започнаа во 2023 година иако две години пред тоа, двајцата генерали заедно извршија пуч против цивилната влада на Судан.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.