Истражувачите пронашле траги од полиетилен и други полимери во секој примерок од истражуваниот материјал и забележале дека поновите примероци имале повисоки концентрации од постарите.
Поконкретно, количината на пластика во примероците од 2024 година ја надмашувала онаа во мозоците од 2016 година, што укажува на континуиран пораст.
Експертите истражувале и дали одредени состојби го влошуваат натрупувањето на овие материјали и забележале дека мозоците на групата пациенти со деменција имале три до пет пати повеќе пластични фрагменти од другите примероци.
Ова ја отвора дилемата дали тие луѓе имаат повеќе пластика во себе поради компромитираните системи за филтрирање во мозокот, или пак микропластиката клучно придонесува за нивната состојба и неспособноста да се исчисти мозокот.
„Секогаш кога ќе отидевме подлабоко, си велевме „Ох, ова еполошо отколку што мислевме “, вели професор по токсикологија од Универзитетот на Ново Мексико.
Неколку претходни студии покажаа остатоци од пластика во човечки органи, вклучувајќи артерии, бубрези и плаценти. Кај глувчешки модели, лабораториската работа покажа дека дури и краткотрајната изложеност на синтетички честички може да доведе до воспаление во повеќе органи.
Експерти велат дека обликот, големината и хемискиот состав може да бидат важни кога станува збор за степенот на предизвикана здравствена штета. Разновидноста на пластиката во секојдневниот живот го комплицира напорот за одредување на штетните ефекти. Најчесто се спомнуваат полистирен, полипропилен и полиетилен но постојат и други штетни полимери. Некои се распаѓаат во микроскопски снегулки, додека други се распаѓаат во влакнести нишки кои можат да се заплеткуваат во ткивата.