Aдминистрацијата на Трамп депортира група ирански баратели на азил и други мигранти во Централноафриканската Република.
За да не бидат сами Иранците, во првата група друштво им прават луѓе од Сирија, Авганистан и еден турски државјанин.
Администрацијата сè повеќе се потпира на договори за депортација во трети земји како законски механизам за отстранување на мигрантите кои не можат законски да бидат вратени во нивните матични земји.

Откако стекна независност од Франција во 1960 година, Централноафриканската Република мина низ децении политичка нестабилност, вклучувајќи шест државни удари и слаба државна власт со вооружени насилни бунтови и злосторства против цивили.
Претседателот Фаустин-Аршанж Туадера, реизбран за трет мандат на изборите во декември, се потпираше на Русија за безбедносна помош, но истовремено покажуваше интерес за партнерство со западните земји за развој на клучниот сектор за минерали. Според новиот договор со САД, стотици мигранти ќе бидат испратени таму.
Сличен договор Америка има и со Демократската Република Конго.