Рон Пол:

Американската економија се потпира на измама и фалсификувани пари

Поранешниот пратеник од Тексас, Рон Пол, порача дека американскиот економски поредок се темели на „измама“ вкоренета  во 1971 година кога државата реши да се откаже од поврзаноста на валутата со поддршката во злато. Американскиот политички ветеран кој наполни 90 години проценува дека сегашниот систем се ближи кон својот крај но сепак верува дека политиката може да се поврзе со моралот. 

Рон Пол, кој беше републиканец па либертаријанец па пак  републиканец, потсетува на крајот на конвертибилноста на доларот кога Никсон реши да го одвои од покритието во злато, што тој го нарекува „прва декларација за банкрот“ по што започна бескрајниот тренд на  печатење пари и зголемување на дефицитите.

Во интервјуто со Такер Карлсон, домаќинот му призна дека неговите предвидувања од 2002 година за масовната кредитна експанзија, цената на златото и проширување на државната моќ и зависноста на луѓето од неа биле „толку прецизни што се морничави“.

Предупредувањата на Пол како долгогодишен републикански пратеник и трикратен претседателски кандидат се особено влијателни меѓу гласачите кои се скептични кон федералните трошоци и мешањата во странски проблеми, па неговиот последен аларм особено одѕвонува кај публиката загрижена за инфлацијата и одржливоста на долгот.

„Не можете едноставно да печатите пари и да ги лажете луѓето засекогаш“, вели Рон Пол нарекувајќи го валутниот режим после 1971 година „фалсификувани пари“.

Стариот останува на долгогодишниот став дека политиката мора да се сместува во морална рамка: „без лаги, без мамење, без кражби и без убивање“.

Јасно е зошто никогаш не стана претседател.

 

15 февруари 2026 - 10:37