Вучиќ за Шеќеринска: Од неа можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисла
15 февруари 2026
- Коментирајќи изјава на Радмила Шеќеринска, српскиот претседател кажа дека доколку таа се задржала само на повикот за политички дијалог меѓу земјите од Западен Балкан, тој би немал што да додаде.
- „За жал, Радмила Шекеринска зборуваше за други работи што навистина немаат многу смисла. Сакајќи, претпоставувам, да ја критикува Република Српска, таа зборуваше за својата загриженост во врска со некои сецесионистички изјави и одлуки во регионот што не придонесуваат за мирот и сè друго. Ова ни го кажуваат жената и луѓето што доведоа до сецесија на дел од територијата на Србија - помеѓу 13 и 14 проценти“, рече Вучиќ, мислејќи на Косово.
- Вучиќ рекол дека Шеќеринска не се сеќава дека некој убил 16 работници на РТС, но се сеќава дека во Бањска бил убиен еден албански полицаец.