Благословувањето на Библијата се одржува во Националната катедрала во Вашингтон, а пораката од свештеникот кој ја држи церемонијата е врз истата книга да даваат заклетва сите идни команданти на американските вселенски сили.
„Семоќен Господе, кој им го даде правецот на планетите и ги постави ѕвездите на небото, се молиме кон тебе со милост да гледаш кон нашиот врховен командант, 45-от претседател на оваа голема нација, кој погледна кон небото и се осуди да сонува за побезбедна иднина на целото човештво,“ побарал свештеникот од својот врховен командант и цимер на вселенските сили.
И покрај нарачката од свештеникот сите идни команданти да се заколнуваат врз библијата, портпаролот на американската авијација, од каде се одвоија вселенските сили, изјавил дека користењето на библијата не е задолжително и дека секој може да бира дали ќе се заколне врз библија или не.