Папата внесе жена во Синодот

За првпат во постоењето на католичката црква, во синодот на бискупи ќе има и жена. Поглаварот Франциско оваа чест и ја додели на сестра Наталија Бекар од Франција.  

Сестра Наталија влегува во бискупскиот синод со право на глас. Се работи за тело кое има битна советодавна улога за првиот човек на црквата и расправа за суштински прашања поврзани со црковниот живот.

Нејзината функција ќе биде потсекретар на синодот за кој советодавно работи од 2019 година.

„Вратата е отворена,“ рече за ова именување главниот секретар на синодот, кардиналот Марио Грек.

Познавачите велат дека овој потег на Франциско сепак не треба да се толкува како увод во целосно отворање на Католичката црква и дозволување свештеници да може да бидат и жени.

Пред еден месец, папата Франциско формално промени некои правила на богослужбата и дозволи жени да помагаат околу алтарот иако главниот збор на мисите и натаму го имаат свештениците.

Лани, Франциско именуваше шест жени во советот кој ги надгледува финансиите на Ватикан.

 

7 февруари 2021 - 17:30