Религија

Уставно загарантирано право на сатанизам

Одлуката на законодавците на Арканзас да дозволат пред својот законодавен дом поставување на споменик посветен на 10-те Божји заповеди ги отвори портите на еднаквоста па на истата локација членовите на локалниот сатанистички храм решија да постават споменик на Бафомет, прастаро сатанистичко божество.

Зошто Библијата е толку лошо напишана?

Милиони хард-кор христијани во светот веруваат дека Библијата е нешто што било диктирано од самиот Бог а луѓето вклучени во нејзиното создавање само записничари кои фаќале стенограми. Ако речеме дека е така, тогаш испаѓа дека Бог е очајно лош пишувач. Многу пасоси денес не би прошле стандардна уредничка редактура и би биле вратени на доработка, потцртани со многу црвено.

Најголем проблем на христијанството се христијаните

Само погледнете ја онаа клоака наречена фејсбук. Нема да помине недела а да не разгорат идеи за нечиј линч, нечие бесење на плоштад или сечење јајца. Прилично брутално за луѓе чија вера проповеда милосрдие и љубов.

Не расправајте се со Ѓаволот, дечкото е попаметен

Поглаварот на римокатоличката црква вели дека човек кој ќе се насанка да дебатира со Сатаната е осуден таа дебата да ја изгуби („Ќе избрише патос со вас“ како што обожаваат да го кажат тоа некои) бидејќи Сатаната е поинтелигентен од луѓето. Чаре? Наместо да се расправате, избркајте го.   

Зошто Ватикан стана забранет за кинеските туристи?

Редот по кој одат работите е: кинеските туристи излегуваат од земјата преку туристички агенции кои во основа се државни компании под контрола на властите. Овие последните одлучија дека нога на нивен турист веќе не стапнува во католичката престолнина.

Кој е за егзорцизам а кој за лудница

Еден од најискусните егзорцисти на католичката црква открива како познава кој од оние кои му ги носат се опседнати од ѓаволот а кој си има друго гајле. И патем сумира дека многу повеќе ги има од овие вториве. И ѓаволот дигнал раце од нас.

Африка праќа христијански мисионери во Велика Британија

Знаете што правеше Мис Стон на овие простори (пред да ја грабнат). Денес е обратно. Христијани од Афика, Јужна Америка и Азија се обидуваат да ја рашират божјата реч во земјите од кои им е дојдено христијанството.

Зошто Мека ќе добие реновирање од 80 милијарди долари?

Моментално Мека ја посетуваат околу 8 милиони туристи годишно. Саудиската влада има намера оваа бројка до 2030 да порасне за дополнителни 20 милиони туристи.

Писмото што Хилари го доби од својот пастор по поразот од Трамп

Си-ен-ен ја објавува содржината на писмото што свештеникот Бил Шилади и го испраќа на Хилари Клинтон утрото на 9-ти ноември 2016, еден ден откако таа ги изгуби претседателските избори од Доналд Трамп.

Во 2016 драматично паднал бројот на христијани во Германија

Како што бројот на католици и протестанти во Германија продолжува да се намалува, според Евангелистичката црква на Германија земјата 2016 ја завршила со стотици илјади христијани помалку, пишува Ди Цајт.

Ватикан забрани безглутенско лепче за причестување

Поради помодарските трендови кои фаќаат замав, Ватикан реши да стави малку ред во „телото и крвта“ Исусова, односно хостијата и виното кои тие ги симболизираат во причеста. Хостијата мора да има бар малку глутен, а виното да е вино; не шприцер, не бамбус, не сангрија.

Над милион Руси се поклонија пред останките на Свети Никола

За нација што низ својата историја има усовршено чекање пред шалтер, пред продавница, пред каде и да има потреба, не беше никаков проблем да почека и до 10 часа во ред за да види дел од останките на Свети Никола што од Италија пристигнаа во московската катедрала Христос Спасител.

Католици вс. фиџет спинери

Да не биде дека "чеканот во сè гледа шајка" ама длабоко упатени католици видоа ерес во фиџет спинерот и неговото поврзување со Светото Тројство.

Брадата како православна одбрана од педерлаци

Митрополит на една руска православна групација тврди дека ако сака човек да ја промовира богоугодната хетеросексуалност, треба да престане да се бричи и да пушти брада. Е, до толку не се разбираат во секс ова поповиве.

Подобро да си атеист отколку дволичен католик

Од сите што можеа да го кажат ова дал Хиченс, дал Докинс, дал Џервејс, сугестијата доаѓа од главниот (католички) заменик на горниот, папата Франциско.

Демократите на своја штета заборавија на религијата

Како што републиканците и општо десницата направија светиња од религијата, така либералите ја претворија во табу тема, за која не знаат како вистински да зборуваат ниту со своите симпатизери.

Муслимански бегалци во Германија преминуваат во христијанство

Дел од преобратените ја земаат христијанската вера на својот пат кон Европа, а најчеста причина за ова е затоа што во своите родни земји под страв од репресија не смееле да ја сменат верата, објавува Индепендент.

Свештеникот Хрвоје против Сунѓерот Боб

На домашен терен приказнава би изгледала вака: задрт македонски поп покренува кампања против детската емисија Пет Плус. Зошто би го правел тоа? Па, да речеме, затоа што додека ние се крстиме во светото Тројство, тие го фураат - Петко.

Тешко е да се оди во црква

Не е бог мртов, како што тврдеше Ниче (што на оној графит доби легендарна реплика: Ниче е мртов - Бог). Само, на луѓето им е сè потешко да му одат на гости (на овој свет). Со други зборови, проблемите на верата не се во науката туку во логистиката.

Лет над скиентолошкото гнездо

Седиштето на скиентолошката црква се наоѓа во Хемет, Калифорнија, се вика Златната база, сместено е на површина од 200 хектари, и ова е првата снимка од комплексот. Направена е со 4К камера монтирана на дрон, a видеото потоа е анализирано од новинар кој има посветено сериозно многу време на скиентолозите.

Дебатата за буркинито во 10 цитати

Од петокот Ница и официјално се придружи кон сè поголемиот список на француски градови што го забрануваат носењето буркини (бурка-бикини) на своите плажи. Како што се шири списокот на забрани, така се шири и дебатата.

Вера на празно конто не влегува

Русинка успева да измами купувачи на станови за вкупно 2 милиони долари, не ги зема парите за себе, не и се за на доктор, туку за црквата и требаат. Скиентолошката црква.

Зошто Турција гради џамии низ светот

Отворањето на мега-џамијата во близина на Вашингтон Д.Ц. требаше да биде кулминацијата на посетата на Ердоган на Турција. Тоа што Обама не се појави малку им скрши филм на Турците, кои објектот го сметаат како дел од своите напори презентираат умерена верзија на исламот, на што тој одлично ќе дојдеше како некаква симболика за помирување меѓу двете страни.

Јуда имаше лош ПР

Истакнати теолози и верски великодостојници од Британија, вклучително и бискупот на Англиканската црква, повикуваат на преоценка на ликот и делото на ученикот на Исус, чие предавство со милениуми е симбол на подмолност и користољубие.