"Демократите во Вашингтон често пати имаат проблем да зборуваат во религиозни термини, и тие ја одразуваат оваа поширока либерална култура што не ја сфаќа сериозно религијата," објаснува Ема Грин од Атлантик.
Според Грин кај Демократите со тек на време се случува сериозно изместување, па од историски прогресивни ликови како Мартин Лутер Кинг и Џими Картер кои ја користат религијата за промовирање и напредување на политиките, сега тие комплетно ја избегнуваат оваа тема.