Поранешни членови на претседателските тимови на Клинтон и Обама, помогнати од Сорос и влади од ЕУ стојат зад анти-Маск кампањата за присилување на големи корпорации да го бојкотираат Твитер.
Нова конгресменка, демократ ама од тие што се по на лево, не може да си дозволи пред првата плата да се пресели во главниот град на САД каде што треба да го изработи својот мандат.
Накратко, лицемерие. Бидејќи само набројувањето на овдешните примери за бедотии со двојни стандарди би ни одзело денови и денови, да илустрираме со случај од американската политичка сцена: Демократите денес демонизираат една републиканска политичка линија која до вчера ја креираше и водеше Барак Обама.
Како што републиканците и општо десницата направија светиња од религијата, така либералите ја претворија во табу тема, за која не знаат како вистински да зборуваат ниту со своите симпатизери.
Додека секоја можна американска разузнавачка агенција гледа да си го истера меракот и да го оправда барањето поголем буџет за следната година шлепајќи се на "Русите го избраа Трамп" конвојот, Берни Сандерс ја смирува топката и бара од своите соборци демократи да се освестат и да прекинат да бидат без допир со реалноста.
Американските конзервативци меѓу себе ги имаат псевдо-конзервативците чиј главен страв е дека некој од надвор ќе им наштети и се фокусирани кон одбрана на самите себе. Демократите пак ги имаат борците за политичка коректност чиј главен страв е дека некој ќе им наштети на ранливите категории што тие тврдат дека ги штитат, и се фокусирани на нивна одбрана. И двете страни лесно запаливи и од најмала искра, само едната е поверојатно да ги кандидира лесно запаливите.