Во текстот за магазинот Политико, Џо Кеон ја презема дефиницијата за псевдо-конзервативци, според која "иако тие самите веруваат дека се конзервативци и обично користат конзервативна реторика, псевдо-конзерватвиците покажуваат сериозно и постојано незадоволство од американскиот начин на живот, неговите институции и традиции. Тие се нарекуваат конзервативци, ама тоа е чисто заради потребата од маската на политички легитимитет што го дава овој термин. Во реалноста тие повеќе се мешавина од ултраконзерватизам, изолационизам и повремено, радикализам. И имаат многу малку заедничко со умерениот и компромисен дух на вистинскиот конзерватизам во класичната смисла на зборот."
Што се однесува на борците за политичка коректност на левицата, Кеон објаснува: "нивните мотивации може да се вкоренети во вистински проблеми и легитимни стравови, исто како и на десницата, ама начинот на кој тие избрале да се справат со нив, станат е безнадежно паничен, што ја прави политички коректната левица подеднакво либерална, колку што е и псевдо-конзервативната десница конзервативна."
И покрај сличните играчи на двете страни, Кеон проценува дека Демократите не се ни приближно подложни на паничење колку Републиканците. Објаснувањето почнува од тоа дека "Демократите се многу помалку либерални, отколку што Републиканците се конзервативни." Ова е затоа што високите функционери на Демократите обично на дистанца ги држат порадикалните елементи на левицата (Окупирај и сл. организации), кои исто така и многу поретко се кандидираат за некоја функција.
"Шаблонот е воспоставен: радикалната левица твита; радикалната десница се кандидира," пишува Кеон во анализата на Републиканската трка за претседателски кандидат.