Најголем проблем на христијанството се христијаните

Само погледнете ја онаа клоака наречена фејсбук. Нема да помине недела а да не разгорат идеи за нечиј линч, нечие бесење на плоштад или сечење јајца. Прилично брутално за луѓе чија вера проповеда милосрдие и љубов.

Минатата недела американскиот врховен суд го разгледуваше случајот со слаткарот кој „следејќи ги божјите упатства“ одбил да прими нарачка за славеничка торта бидејќи нарачката дошла од геј двојка. Истовремено, во Алабама, контроверзниот Рој Мур изгуби (тенко) но резултатите покажаа дека дури 80% од најтврдокорните рисјани, оние евангелистите, гласале за него.

И тоа е доволно сликовито за земјата во која не може да помине торта за педери ама може педофил во Конгрес.

„Зачудувачки сме незапознати со историјата, состојбите во светот и покажуваме големо непознавање не само на другите туку и на нашата сопствена религија“, оценува Чарлс Метјус, професор по религиски студии.

Според него, најзучудувачки е што христијаните одбиваат да бидат водени од едноставните вистини кои ги проповеда нивната вера и наместо тоа, водилки им се некои исчашени принципи. На пример, белите евангелисти во САД обожуваат оружје, не поднесуваат миграција, се одушевуваат од смртна казна а се индиферентни кон социјално загрозените. На ниво на општата популација, Американците веруваат дека постои повеќе дискриминација кон муслиманите отколку кон христијаните. Состојбата е дијаметрално спротивна само кај белите евангелисти.

Метјус смета дека главен мотор на христијанството денес е стравот, од губење контрола на светот, на своите животи и судбини. А стравот го оддалечува човека од клучниот принцип на христијанството - љубовта. 

Како што се вели во Евангелието според Јована: „Љубовта го набркува стравот: тој кој се плаши ја нема достигнато совршената љубов“.

Можеби затоа една од клучните пораки на актуелниот поглавар на римокатоличката црква во неговото прво обраќање како Папа гласеше: „Не се плаши“.

20 декември 2017 - 12:21