Алабама за првпат после 1992 година избра Демократ за свој Конгресмен. Трката ја изгуби уздуж и попреку контроверзниот конзервативец Рој Мур чија скандалозна биографија и политички ставови ќе го направеа фикс губитник на многу места. Но, во реднековска Алабама тој изгуби едвај.
Па сепак, не толку едвај. Разликата меѓу неговите и гласовите на победникот Даг Џонс е 21.000 што е разлика од 1,5%. А законите во Алабама велат дека пребрјување на гласови може бесплатно да побара оној кандидат кој изгубил со маргина помала од 0,5%.
За волја на вистината, сите гласови сè уште не се официјално заведени за што крајниот рок е 3 јануари па Мур може да се надева дека дотогаш разликата ќе падне на ниво кое му обезбедува гратис пребројување.
Освен обвинувањата за педофилија и други сексуални контроверзи (а пред пар години бараше хомосексуалноста да биде нелегална), Мур е човек кој тврдеше дека муслимани не можат да бидат народни претставници, меѓу другото и затоа што треба да се заколнат на Библијата. А не е така, заклетвата зависи од изборот и религијата на кандидатот. Дека цела тајфа се такви шарлатани потврди и неговиот портпарол на гостување кај Џек Тејпер: