Зошто Ватикан стана забранет за кинеските туристи?

Редот по кој одат работите е: кинеските туристи излегуваат од земјата преку туристички агенции кои во основа се државни компании под контрола на властите. Овие последните одлучија дека нога на нивен турист веќе не стапнува во католичката престолнина.

Кинеските агенции имаат дозвола да организираат туристички посети на 127 држави и региони, исклучени од ова се 20 земји за кои е заедничко дека имаат официјални врски со Тајван.

Иако Ватикан и покрај официјалните врски со одметнатиот остров до сега беше исклучен од списокот забранети земји, тоа се смени пред некое време наводно „како начин на Кина да изврши притисок врз Ватикан да ги прекине официјалните односи со Тајван.“

Радио слободна Азија објаснува дека кинеските власти „често и наредуваат на индустријата да се потчинува на нивните политички и дипломатски потреби.“

Односите меѓу Кина и Тајван малку се заострија последнава година од доаѓањето на власт на новата тајванска претседателка, откако таа одби да се согласи со официјалниот кинески став дека „има само една Кина.“

Ватикан е единствената држава во развиениот свет која одржува официјални врски со Република Кина, официјалното име на Тајван.

24 ноември 2017 - 18:18