Кој е за егзорцизам а кој за лудница

Еден од најискусните егзорцисти на католичката црква открива како познава кој од оние кои му ги носат се опседнати од ѓаволот а кој си има друго гајле. И патем сумира дека многу повеќе ги има од овие вториве. И ѓаволот дигнал раце од нас.

Отец Кипријано де Мео лиценцирано се занимава со егзорцизам цели 65 години. Вели дека клучен елемент по кој тој прави разлика дали е вистинскиот човек за проблемот или пак оној пред него има поинаков ментален проблем е во реакцијата.

Отприлика како што е прикажано во хорор класикот Истерувач на ѓаволот. Бидејќи Лукавиот го гледа егзорцистот како непријател, лицето на пациентот се искривува, телото го фаќаат грчеви и тој почнува да исфрла бласфемии и пцовки на Бога и неговата екипа. Отецот вели дека таквите реакции некогаш не се добиваат веднаш туку со пролонгирани молитви (хмм, ко да е чудно да опцуеш ако некој баш те отече со молитви).

Инаку, дури овој месец бил преведен на англиски De Exorcismis et Supplicationibus Quibusdam, официјалниот прирачник за истерување на Нечастивиот во кој на 85 страни се содржани соодветните молитви и ритуали на овој чин. Прирачникот е стандардизиран и одобрен од црквата во 1999 и ги содржи оние елементи по кои обученото свештенство изведувало егзорцизам со векови.

Којзнае дали и како МПЦ се бави со овој феномен. Запознати сме само со неговите одлуки за истерување на социјалните мрежи од Синодот и протерувањето на бесплатно влезените фотографи од црквите во велешката епaрхија.

 

5 ноември 2017 - 11:11