Бројките се дека на крајот од 2016 во Германија имало околу 22 милиони протестанти. Најголем удел во намалувањето одигрува демографијата, според која во земјата во 2016 починале околу 340.000 протестанти, додека имало само 180.000 крштевки. Уште околу 190.000 луѓе ја напуштиле протестантската црквата додека само 25.000 решиле да и се приклучат.
Кај католиците ситуацијата е постабилна па они имаат многу помал и нијансиран пад на уделот во вкупната популација на Германија кој минатата година изнесува 23,6 милиони жители, што е еднакво на 28,5 проценти од вкупната популација на земјата.
Околу 55% од германското население припаѓа на овие две цркви. Заедно со останатите христијански цркви во земјата (пример православните) уделот на христијани во вкупното население се крева на 58,3 проценти.
И покрај намалениот број на верници, католичката и протестантската црква во 2016 имаат рекордни приходи од 11,6 милијарди евра.