Основата за одлуката е што Франција го забранува јавното прикажување на упадливи религиозни знаци, што вклучува носење марами или големи крстови. Дебатата ги опфаќа сите можни теми околу буркинито, од тоа дали треба да се носи, дали не треба, дали владата смее да се меша во тоа кој што носи и сл.
Мануел Валс, францускиот премиер:
„Постои размислување дека по природа жените се блудни, развратни и дека треба комплетно да бидат покриени. Ова не содејствува со вредностите на Франција и на Републиката. Соочена со овие провокации, Републиката мора да се одбрани себеси. Денес муслиманите во Франција се заложници на овие групи, на овие здруженија, на овие поединци што се залагаат за носење буркини и тие би те натерале да веруваш дека Републиката и исламот се некомпатибилни.“
Самиа Гали, француски сенатор и муслиманка:
„[#буркини] непотребна контроверзија што ја задржува конфузијата околу вистинските прашања на нашата борба. Нетолеранцијата не смее да ја промени страната.“
Даниел Фаскел, заменик-градоначалник на Ле Туке:
„Гласав за забрана на носење бурка на јавни места. Не гледам причини зошто тоа би требало да биде толерирано на плажите. Се работи за доследност.“
Рим-Сара Алоун, Французинка-муслиманка истражувач на Универзитетот на Тулуз:
„[Буркинито] е создадено од муслиманките на Западот што сакале да се во склад со својата вера и со желбата умерено да се облечени за време на рекреативните активности. Што е повеќе француски од седење на плажа во песок? А сега им кажуваме на муслиманите дека без разлика што правите, ние не ве сакаме тука.“
Марион Ле Пен, пратеничка од Националниот фронт:
„Поддршка за градоначалникот на Сиско и неговата антибуркини-наредба. Издржливоста против исламистичките провокации е најдобар начин за избегнување на насилството.“
Патрис Спиноси, адвокат од Лигата за човекови права:
„[Забраната за буркини] е сериозна и претставува нелегално прекршување на неколку основни слободи: слобода на мислење, религија, облекување, доаѓање и заминување... Денес се плажите, утре ќе бидат улиците.“
Соња Мабро, француска новинарска со туниско потекло:
„Сите оние што ја исмеваат #буркини 'дебатата' се прават слепи на провокацијата зад оваа едноставна облека за пливање... #слепило.“
Лејла Дахли, француска професорка по арапска историја со туниско потекло:
„[Забраната за буркини] ќе ги нагласи тензиите во француското општество. Ние ја учиме француската јавност да ја поврзува жената во буркини со терористот што убива.“
Кристијан Естроси, претседател на регионалниот совет на Прованса - Алпи - Азурен Брег:
„Зачувувањето на нашиот општествен договор и на нашата нација бара Владата да ги преземе сите мерки во борбата против радикалните комунитарни пракси.“
Марван Мухамед, директор на Колективот против исламофобијата во Франција:
„Ова ги допира фундаменталните слободи. Не гледам никакво нарушување на јавниот ред ако жена оди да плива облечена... Владата е премногу зафатена со прогон на недолжни муслиманки за да се бори против тероризмот.“