Попот Вјачеслав Баскаков од градот Твер се прослави минатиов викенд откако неговите постови се раширија по руските социјални медиуми. Меѓу другото, Вјачеслав е фотографиран со Гучи чевли, Луи Витон чанти и папучи.
Откако почна да се шири, профилот инстантно е избришан ама веќе беа направени добар дел скриншотови од постовите на Гучи попот.
По укорот од РПЦ изразуваат надеж дека ова нема да му се повтори на попот ниту на некој друг од нивна екипа, порачувајќи дека во црквата нема место за „нескромен и неконтролиран начин на живот“.
„Животот на свештеник не може да биде поделен на личен и јавен и никој од свештенството не може да се однесува како да е поп во црква од утро до ручек, а потоа да биде кој што ќе посака во остатокот од денот,“ порачал портпаролот на патријархот Кирил, Александер Волков.
Не дека и претходно некој се сомнева во благонаклонетоста на руското свештенство кон луксузот, патријархот Кирил е фотографиран со часовник од 30.000 долари, меѓутоа ова е веројатно прв пат некој од нив вака бесрамно да го парадира луксузот што го поседува.
Иако не е дел од РПЦ, сличен интерес во 2015 привлече портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, кој на својата свадба во Сочи беше фотографиран со часовник Ричард Мајл (модел RM 52-01) од 620.000 долари од кој се произведени само 30 примероци.