Кога е во Ватикан, папата Францис се буди во 4:45 и се облекува "за на работа." Прво нешто што прави е да ги прочита сите дописи што доаѓаат од нунциите (амбасадите) на Ватикан низ целиот свет, потоа се моли и медитира еден час, по што почнува со подготовки за својата проповед во Санта Марта. Во 7 часот се симнува на појадок со другите, по што почнува приемот кај него.