Оваа одлука на Франциско го поништува декретот на Бенедикт, со што од управата на Банката на Ватикан си заминува и кардиналот Тарчизио Бертоне долгогодишен заменик на Бенедикт, и еден од најчесто обвинуваните ликови за финансиските проблеми на Ватикан во времето на претходниот Папа.
5-члената комисија на кардинали го именува бордот на Банката на Ватикан и 2-та генерални менаџери, a во исто време комисијата треба да се погрижи банката да ја спроведува својата мисија за управување со парите за добротворни цели.
Во јули 2013-та два сметководители на Ватикан со неколку сметки во Банката на Ватикан беа уапсени под обвинување дека планирале да пренесат 20 милиони евра на од Италија во Швајцарија. Пред ова во 2012-та, тогашниот претседател на банката Еторе Готи Тедески, беше отпуштен заради некомпетентност и неуспех во својата работа. Во 2010-та италијанската полиција заплени 23 милиони евра од Институтот за религиозни работи на Ватикан, а тогашниот претседател на Институтот (истиот Тедески од претходно) и генералниот директор Паоло Сипријани, беа под истрага за перење пари преку сметките на Ватикан.