Освен стоењето по автопати и улици, религиозните сестри (малку полабава каста од чесните сестри) преправени во проститутки се обидуваат да ги инфилтрираат борделите и откупуваат деца кои се продадени во ропство.
Групата Талита Кум, е финансирана од инвестицискиот банкар и филантроп, Џон Студзински, кој со оваа почнува уште во 2004-та. Нивните процени се дека околу еден процент од светската популација е жртва на шверц со луѓе (еден процент од 7,3 милијарди луѓе е 73 милиони).
Припадничките на сестринството кои помагаат во ова, работат во комплетно затворен круг, и како што објаснува Студзински тие "не им веруваат на влади, не им веруваат на корпорации, не и веруваат на локална полиција. Во одредени случаи не му веруваат ниту на машкото свештенство."
Моментално мрежата е распространета во околу 80 држави, а освен спасување на жени и деца, тие во неколку земји имаат поставено и безбедни куќи во кои ги кријат жртвите на шверц со луѓе.
Парите што ги имаат на располагање ги користат и за откупување на деца кои се во ропство, а еден од главните извори на финансии им се ангажманите од глобални компании кои ги најмуваат за да им проверат дали во нивниот синџир на набавка се користи недозволен детски труд.