Ова е прв комплетен извештај за работата на епархијата и следува откако лани папата Францис нареди менување на бискупот во Лимбург, заради трошење 31 милион евра од тајните фондови на нова луксузна резиденција.
Под сличен притисок од Папата беа и сметководителите на Ватикан кои мораа да ги пријават сите тајни и скриени фондови на престолнината на Католичката црква. Нивниот извештај беше затворен на 2,64 милијарди евра.
Објавувајќи го извештајот на Чиста среда, почетокот на католичките пости за Велигден, претставниците на црквата од Келн нагласија дека резервата служи за грижа за 2 милиони католици, персонал од 60.000 луѓе и 1.200 цркви и капели.
Германската католичка и протестантска црква посебно бенифицираат од црковниот данок кој го плаќаат сите нивни членови. Во 2013-та, епархијата во Келн од овој данок собрала 573 милиони евра, а над половина од тоа потрошила на својата работа.
Во извештајот изработен од независен ревизор, бесценетата готска катедрала покрај Рајна е наведено дека вреди само 27 евра, по едно евро за секоја од 26-те парцели на кои се наоѓа, и едно евро за објектот.