Aктивисти за човекови права од провинцијата Жеџијанг, обвинуваат дека кампањата е обид на властите да се забави растот на христијанството во еден од регионите со најголем број цркви во Кина.
Според одредени процени Кина сега е дом на 100 милиони христијани, споредно со 88 милиони членови на Комунистичката партија.
Кампањата почнува на крајот од 2013-та, и во неа најчесто се вадат јарките црвени крстови од црквите, меѓутоа има и неколку објекти кои се комплетно разрушени.
Неодамна беше срушена црква на 5 спрата. Според весниците демолирањето било "доброволно," откако на сопствениците им било воочено дека им фали некој документи за изградба.