Најголем дел од парите доаѓаат од 70-те следбеници на црквата, од кои најголем дел му се роднини на основачот Фред Фелпс. Од следбениците се бара да одвојат околу 30% од своите приходи за црквата, а бидејќи во основа сите се роднини, парите пак се трошат за нив. Најголем дел од членовите се на добро платени позиции во здравство и казненопоправните установи, плус имаат и неколку адвокати меѓу нив.
И покрај ова најголем извор на пари се тужбите на црквата против локалните власти на градовите што по некоја основа се обидуваат да ги спречат нивните протести за време на погребите.
Генерално не ги кажуваат бројките ама дел од случаите се добро познати во јавност: во 90-те, тие успешно го тужеа и добија 43.000 долари оштета од градот Топека, затоа што не им обезбедил доволно заштита за време на протестите. Во 1995-та добија над 100.000 од тужбата против Канзас за донесување на законот со кој се забранува протестирање за време на погреби (победата е по основа на првиот амандман). Во 2007-ма, една од членките доби 17.000 долари заради тоа што погрешно била осудена од прво-степен суд.
Одлуката на Чарлстоун да го забрани протестот за време на погребот на загинатите во масакрот во црнечката црква во градот, веројатно ќе биде основа за една од поголемите исплати за Баптистичката црква од Вестбороу. Градскиот совет на Чарлстоун изгласа забрана за протести во близина на погребни церемонии во следните 60 денови. Одлуката беше донесена откако црквата го најави своето присуство на погребот.