Норвешките муслимани против екстремниот Ислам

Преку глава од тоа што локални (норвешки) и меѓународни (пред се ИСИС) радикали доминираат на тема Ислам, регуларните муслимани од Норвешка подготвуваат демонстрации против екстремизмот - и нам ни е страв, како и вам.

Организатор на демонстрациите е 28-годишниот студент Те Језен Обаиде, кој во изјава за норвешкиот весник Дагсависен објаснува: "oва е спротивно на сите муслимански верувања. Она што се случува во Сирија и Ирак е масакр. ИСИС не го претставува Исламот." Тој посебно е гневен на муслиманските екстремисти од Норвешка кои шират "ИСИС пропаганда."

Неговата цел е да испрати порака дека норвешките муслимани го отфрлаат насилството и недостатокот на најосновна почит и толеранција од страна на ИСИС и "нивната мала група следбеници во Норвешка кои го привлекуваат целото внимание на медиумите."

"Ние не можеме да го прифатиме ова, ниту дека некој може да и се заканува на Норвешка, државата во која живееме и во која сакаме мирно да живееме заедно со сите останати," изјавил Обаиде.

Во бунтот против екстремизмот на Обаиде му се приклучија неколку сериозни политичари од земјата, имамите на најголемите џамии во Норвешка и муслиманскиот совет.

"Етнички белите Норвежани треба да знаат дека не се само тие преплашени (од екстремизмот). И ние, просечните либерални норвешки муслимани сме подеднакво преплашени," изјавил парламентарецот од Либералната партија, Абид Раџа.

За смирување на мнозинството, Раџа објаснил дека стравот од екстремистите е затоа што никој не се осудува да им се спротивстави, а во основа станува збор за мала група која комплетно е изолирана од муслиманската заедница во Норвешка.

Во целото испраќање сигнали насекаде (муслимани, христијани, дома, во странство) се вклучија и луѓе од Рабита џамијата во Осло, за која излегоа информации дека ја посетувале повеќето од норвешките екстремисти кои се борат во Сирија.

"Сакам да потенцирам дека екстремизмот нема религија, и дека Муслиманите мора заедно да се борат против која било форма на екстремизам, посебно онаа која го користи името на нашата религија, Исламот, за да извршува грозни чинови," изјавил претставникот на џамијата.

23 август 2014 - 15:45