Идејата ја промовира Anatolia Youth Association, која почна да ги повикува своите членови и општо муслиманите да "ги земат чергите за молитви и да дојдат" и "да се најдеме пред џамијата Аја Софија за утринска молитва."
Сегашната Аја Софија, муслиманите ја освојуваат во 1453-та, со падот на Константинопол. Тогаш ја претвораат во џамија и таа така служи се до 1935-та, кога Кемал Ататурк наредува таа да биде претворена во музеј.
Во последните неколку децении Аја Софија е една од главните платформи на која муслиманското политичко движење во Турција освојува гласови и ја зголемува својата репутација. "Тие генерално ја продаваат илузијата дека претворањето на местото во џамија, ќе доведе до враќање на славните денови на Отоманската империја," пишува турскиот весник Радикал.
Паралелно со ова, во целата работа е смешано и православието. Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први во интервју за неделникот Агос изјави дека Аја Софија треба да остане музеј, заради местото што го има во светската цивилизација и затоа што тоа е желбата на Кемал Ататурк со која сите се согласиле.
Ама, спомна и дека ако таа се отвора како место за обожување, тогаш "не треба да се заборави дека таа е изградена како црква, и заради тоа и треба да биде отворена како црква."
Помеѓу сите кои радо би да видат еден или друг вид на богослужба во Аја Софија, се појави и Платформата за следење на културно наследство, која објави свое соопштение потпишано од голем број академици:
"Аја Софија е една од главните религиозни, уметнички и политички симболи на Истанбул и Турција, како и на Блискиот Исток, Источниот Медитеран и Европа... Задржувањето на Аја Софија како музеј кој ќе им посака добредојде на сите посетители на мирољубив начин кој ги отсликува универзалните вредности на овој уникатен момент без да отуѓува ниту еден дел од неговата повеќе слојна историја. Зачувувањето на овој карактеристичен артефакт како заедничко наследство на историите на Истанбул и светот, зависи од тоа да биде задржан статусот на музеј."