Религија

Исус е првиот твитерџија

За среќа, и Ватикан го има својот отец Пимен. Кардиналот Џанфранко Раваси ги смирува сите оние кои го бараат ѓаволот на погрешно место. 

Папата само се однесува како Папа

Иако во споредба со претходниот Папа, кој изгледаше како негативец од Дизни цртан, денешниот за кратко време стана ѕвезда и ја шармираше светската јавност, тој сепак не прави ништо поразлично од она што црквата го прави со векови, само се адаптира на новите случувања во светот.

Дали Папата е католик?

Комплетната светска јавност е истовремено вчудовидена и воодушевена од геј-френдли изјавата што Папата Францис ја даде на своето враќање од Бразил: "Ако човек е геј и е во потрага по Бога и има добра волја, тогаш кој сум јас да му судам? Тие не треба да бидат маргинализирани. Тие се наши браќа." Три размислувања на оваа тема.

Кој сум јас да им судам

Запрашан за неговиот став околу геј свештениците, Папата Францис им одговори на новинарите со вечните зборови на Оливер Драгојевиќ.

Дали атеистите треба да вежбаат јога

Минатата недела судија од Калифорнија одлучи дека во локалните училиштата смее да се предава јога и покрај забелешките на родителите дека преку тоа се промовира "Источна религија."

На папата му е мака од попови во џипови

Без да треба да вадат метафори и да читаат меѓу редови, папата Францис јавно порача дека му е болка кога гледа свештеници како водат скапи автомобили, и побара од нив да изберат нешто "поскромно."

Папа Франциско: Не сум принц

Белиот стол на Папата остана празен за време ватиканскиот концерт на Бетовен, затоа што тој имал "итни задачи" во сабота попладне и навечер - како решавање на проблемите на сиромашните.

И над Папата има Ватикан

По минатонеделното бранување на јавноста по изјавата на папата Франциско дека и атеистите се добри луѓе ако прават добри дела, ватиканската бирократија реши да дигне рачна и да повлече чекор назад. Сори, атеистите не можат да одат во рајот.

Битка за џамијата во Приштина

ИВЗ на Косово објави конкурс за дизајн на нова Централна џамија во Приштина. Награда - 50.000 евра. Се пријавија 136 компании, од нив 81 на време ги поднесоа своите проекти. Неодамна избраа 2 кандидати, од кои само еден може да мине.

Парите треба да служат, не да владеат

Слободната пазарна економија создаде тиранија, во која луѓето се вреднуваат само според нивната способност да консумираат, порача Папата Францис во својот прв говор по повод финансиската криза.

Извонредниот свештеник што никогаш нема да стане Папа

Човекот е комуниста, се залага за правата на хомосексуалците, пуши марихуана, и покрај титулата, себе си се нарекува "свештеникот од тротоарот," Дон Андреа Гало.

Како муслиманите гледаат на правата за жените

Анкета на муслиманите низ целиот свет, проверува какви се нивните ставови за повеќе работи, меѓу кои и за местото на жената во општеството. На крај, ставовите во најголем дел се дефинирани од тоа каде (географски) се наоѓаат.

За Ватикан нема 13-та плата

Папата Франциско одлучи дека парите предвидени за бонус на вработените на Ватикан многу повеќе им требаат на сиромашните низ светот. И таму ќе завршат.

Папата ќе љуби нозе на деликвенти

Франциско за следниот четврток најави досега невиден гест: предвелигденската миса нема да се одржи во вообичаените базилики туку во центар за малолетни  деликвенти каде што ќе им ги измие и ќе им ги бакне нозете на 12 малолетници кои се огрешиле од законот.

Кој ќе го пази новиот Папа?

Од однесувањето на новиот Папа воодушевени се верниците кои добија Понтиф што е непосреден и што сака да биде во нивна близна. На сосема другата страна се луѓето од неговото обезбедување кои треба насекаде да го бркаат човекот.

Мека 2020-та

Властите во Саудиска Арабија започнаа со проширување на џамијата Масџид ал-Харам (главната џамија во Мека) со цел да го зголемат нејзиниот капацитет. Единствен проблем е што за проектот треба да демонтираат некои од најстарите делови на најважната џамија во Исламот.

Don't you Franjo me

Некако не ни прави мерак што овдешната верзија на името на новиот Папа е Фрањо. Фрањо бе! Па ние уште Туѓман го памтиме (како кога жена ти ќе предложи некое име за бебето а ти знаеш некој убер кретен од маало со исто име). Што фали на Френсис или Франциско? Додека не успееме да пробиеме една од нашиве варијанти, да видиме како сè наоколу го викаат новиот поглавар на римокатоличката црква.

Како Ватикан ќе ја заштити тајната на конклавата?

Со векови на Ватикан му беа доволни заклучените врати и дебелите ѕидови на Систинската капела за да ја зачува таинственоста во изборот на нов Папа, и тогаш се појави Твитер.

Параметри за Понтиф Икс

Кардиналите кои треба да го бираат следниот Папа ги искажаа критериумите кои треба да ги исполни совршениот кандидат. Во основа, да не биде ништо како Бенедикт 16.

Цимерот на Папата

Папата Бенедикт 16-ти деновиве најостро ги отфрлуваше теориите на заговор според кои тој се повлекува од позицијата заради геј скандал, и за да го докаже ова тој одлучи дека во пензионерската палата ќе живее заедно со - неговиот досегашен секретар во Ватикан.

Тајните на Папата

Со исклучок на документите кои се појавија во јавноста во 2012. Ватикан до сега успеваше крајно вешто да го спречи излегувањето на информациите во јавност. Сега откако Бенедикт XVI. ги објави плановите за пензионирање, малку од малку почнаа да се надзираат причините за неговата одлука.

Руска православна процедура

Среде планетарниот шок од неочекуваната оставка на поглаварот на римокатолиците, Руската православна црква реши конечно да го регулира начинот на кој ќе го бира нивниот Патријарх.

За Папите, Ватикан и Бенедикт

Оставката на Папата Бенедикт е права вест: последен пат ваква вест сме имале пред 600 години. Мало буричкање по битни и небитни факти на темата.

Рехабилитација на џихадот

Во метрото на Вашингтон наскоро ќе осамнат постери во кои се рекламира џихадот. Онаков каков што го сфаќаат умерените муслимани.