Кога во 2005-та Бенедикт беше избран за Папа, Ватикан не мораше да биде претерано загрижен околу таинственоста бидејќи и понатаму важеа старите правила.
Сега пред најновиот избор, соочени со опасноста од кардинали што твитаат, Ватикан започна со поставување на електронска опрема која ќе го блокира мобилниот сигнал во капелата од 15-от век.
Пред почнување на гласањето, претставници на Ватикан ќе ја скенираат капелата и сите простории во кои се сместени кардиналите за да проверат да не има поставено скриени микрофони или друга опрема, која може да ја наруши таинственоста.
За безбедноста е одговорен кардиналот Тарцисио Бертоне, кој на располагање има уште 3 помошници на кардиналот и 2 техничари, кои ќе треба да го прегледаат целиот наведен имот.
Се до изборот на Јован Павле Втори, кардиналите до конечната одлука спиеа на полски креветчиња низ ходниците на Систинската капела. На барање на Јован Павле Втори, беше изградена гостинска куќа во која се сместуваат кардиналите кои од цел свет доаѓаат да гласаат.
Освен ова секој Кардинал на влегувањето на Систинската капела се заколнува на таинственост, а во случај да го прекрши дадениот збор нему по автоматизам му следува исклучување од црквата.