Во говорот пред дипломатите во Ватикан, тој побара од светските лидери "да се стави крај на култот на парите," и да се направи повеќе за сиромашните.
Според него "обожувањето на златното теле," нашла нова и бездушна слика во сегашниот култ на парите.
"Тој додал дека реформите се итно потребни бидејќи сиромаштијата станува се повеќе и повеќе очигледна. Луѓето се борат за живот, најчесто на недостоинствен начин, под диктатура на економијата која нема никаква хумана цел," пренесува БиБиСи дел од говорот на Францис.
Во меѓувреме Банката на Ватикан објави дека за прв пат во историјата ќе го објави својот годишен извештај. Институтот за работи од религијата (името на банката) е една од најтаинствените банки во светот.