Папата им порача на ладите свештеници и калуѓерки околу светот дека имањето на најнов смартфон или некој моден додаток не е патот до среќата.
"Ме боли кога ќе видам свештеник или калуѓерка во најнов модел на автомобил, не може да го правите ова. Автомобил е неопходен за да завршите многу работи, ама ве молам изберете некој скромен. Ако сакате некој скап, само помислите кој деца околу светот умираат од глад," порача папата.
Откако го замени Бенедикт, папата Францис е сконцентриран на менување на имиџот на католичката црква и нејзино пренасочување од луксуз, во помагање на сиромашните. Меѓу другото, Францис одбива да спие во богатите папски апартмани и наместо тоа користи една од гостинските куќи.