Прво: Нека ви се верува на одушевеноста, бидејќи ова е голема работа. Кардиналот Тимоти Долан на "CBS This Morning" инсистираше дека зборовите на Папата не претставуваат промена во доктрината на црквата, која вели дека хомосексуалците треба да се толерираат, меѓутоа хомосексуалното однесување не треба.
"Пораката на Папата може да е нешто што луѓето го сметаат за ново и освежувачко. Ама јас не мислам дека е така," изјави Долан.
Ендру Саливен пак смета дека изјавата на Папата е и нова и освежувачка, и смета дека Долан сега го променил своето мислење од пред некое време:
"Црквата не учи дека хомосексуалноста е избор. Бенедикт мораше да се согласи дека геј луѓето се родени надвор од 'правецот на креацијата,' и дека самата наша природа 'некако е извртена.' Долан може ова да го врти колку сака. Меѓутоа доказ за злонамерноста беше очигледната дискриминација против геј свештениците во 2005-та без разлика на нивното однесување, апсурдно бруталните напади на геј родителите и геј луѓето во дебатата за еднаквоста на во цивилниот брак и опсесивното настојување никогаш да не се ангажираат обични луѓе кои можеби се во брак со некој од ист пол.
Долан и Бенедикт никогаш не зборувале за геј луѓето како што тоа го прави Францис."
Второ: Ова е искрено. Делот "кој сум јас да им судам," доаѓа од Папата Францис во искрен дух на толеранција на геј и лезбејската популација. Пораката беше дадена од ракав. Ова не беше подготвен говор. Таа не беше одобрена од советници. Нејзиниот јазик не беше променет и адаптиран за да се спречи некакво недоразбирање. Ова беше инстантна изјава на еден морален принцип: луѓето кои ја почитуваат верата и го следат Господ се добредојдени во Црквата. Католичката доктрина не треба да биде интерпретирана за да се маргинализира геј и лезбејската популација.
Трето: Ова не е постмодернизам. Ова не е знак "дека се' може да помине". Ова не е прегазување на моќите на Папата. Ова не е индикација дека Папата не е заинтересиран за моралните апсолути. Забележете ги двата услова кои му претходат на понизното "кој сум јас да им судам" на Папата. Тој прво вели дека ова е вистина ако лицето го "бара Господ" пред се, и ако тој "има добра волја" на второ место. Геј атеистите и понатаму ги чека пекол (веројатно заедно со сите други атеисти), како и грешните Католици кои се геј ама одбиваат да ги следат останатите учења на црквата. Папата Францис ќе ви суди или го зачувува правото да ви суди, за карактерни мани или злобни акти. Но тоа што сте геј само по себе не повлекува осудување од Папата.
Дали Папата е католик?