Првата помисла на присутните во салата Павле VI-ти во Ватикан, дека Папата може е болен инстантно беше демантирана кога во салата го видоа неговиот личен доктор. А подоцна во еден твит кој многумина го сфатија како критика за ватиканските свештеници и функционери, тој порача:
"Ако го пронајдовме Исус во смислата на нашиот живот, ние не можеме да бидеме рамнодушни кон оние што страдаат и се тажни."
Додека беше кардинал на Аргентина, Франциско, беше познат дека и покрај тоа што е љубител на музиката, не посетувал концерти и слични случувања, затоа што тој не се чувствувал како "ренесансен принц."
Еден ден пред концертот, тој се сретна со 150-те пратеници на Папата (што го претставуваат Ватикан низ светот) кои му се пожалија дека имале малку пристап кон "коридорите на моќта во Ватикан." (Франциско претходно го отпушти државниот секретар на Ватикан, кардиналот Тарчизио Бертоне, кој беше обвинет дека на клучни места поставил свои луѓе кои го ограничиле пристапот до Папата Бенедикт.)
Во говорот пред пратениците, Папата ги предупредил да бараат пастори кои се "блиски до народот" кога ги разгледуваат кандидатите за бискупи.
"Тие не смеат да имаат психологија на принцови," им порачал Папата.