За Ватикан нема 13-та плата

Папата Франциско одлучи дека парите предвидени за бонус на вработените на Ватикан многу повеќе им требаат на сиромашните низ светот. И таму ќе завршат.

Во прашање е папскиот бонус предвиден за 4.000 вработени на Ватикан, кои инаку останаа и без вонредниот бонус што требаа да го добијат по заминувањето на Бенедикт XVI.

Парите по традиција им се делат на вработените по смртта на Папата и уште еден надомест по избирањето на неговиот наследник. По смртта на Јован Павле Втори вработените примија 1.000 евра, а по изборот на Бенедикт XVI им беа дадени 500 евра.

Годинава бонусот по првата основа им беше скратен затоа што кардиналот Бертоне одлучи дека не им следува бидејќи Бенедикт XVI не почина, туку си даде отказ.

Додека по втората основа, папата Франциско кој се залага за "сиромашна црква за сиромашните," одлучи на вработените да им го скрати додатокот и наместо тоа да го пренасочи за помагање на сиромашните.

18 април 2013 - 19:07