Истражувањето го прави Пју форумот за религија и јавен живот, во него се анкетирани 38.000 муслимани од 39 држави во кои има бројно муслиманско население, од Косово до Тајланд. Истражувањето вклучува и анализа на гледиштата на религијата, шеријатот, науката и другите теми.
"Начинот на кој муслиманите гледаат на улогата на жената сериозно зависи од тоа каде живеат. Во Авганистан, на пример, 94% од муслиманите сметаат дека 'жената мора да му е послушна на својот сопруг,' споредено со само 34% во далеку полибералната, но доминантно муслиманска, држава како Косово."
Сличниот тренд се појавува и кај другите прашања поставени на испитаниците. Европските и централно азиските муслимани било поверојатно да кажат дека жената има право да се разведе од својот сопруг или дека ќерките треба да наследат подеднакво колку и синовите, отколку оние во Јужна Азија, Средниот Исток и Северна Африка.
"Друго интересно откритие е дека муслиманките не секогаш поддржувале поголеми слободи за самите себе, споредено со мажите. На прашањето дали треба да е право на жените сами да одлучуваат дали ќе носат фереџе, во 12 од 23-те држави каде што било поставено ова прашање, жените дале поголема поддршка отколку мажите. "