Оние што се воодушевуваат од потезите на Папата му даваат титули од "најлибералниот Папа на сите времиња," до "најдобриот Папа на сите времиња." Тука консензусот е дека Франсис лично не само што е шармантен, туку е и подготвен да ги прифати левичарските каузи кои се во согласност со католичката мисија за помагање на помалку среќните.
Од друга страна, неговите противници се сомневаат дека Францис е продолжување "на последните 50 години во која црквата е дефинирана од лошо размислени експерименти," а некои како американскиот архиепископ Чарлс Шапо, се извадени од такт што Францис не е поголем конзервативец.
"Авторот на Еволуција на Господ, Роберт Рајт, во својата книга тврди дека секоја религија се движи од воинственост и не толеранција кон повисоки морални стандарди. Еден пример за ова е како Господ се менува од Стариот во Новиот завет. Во првиот тој е на страната на 12-те израелски племиња, и нив им помага да ги освојат и уништат останатите племиња, меѓутоа во втората книга тој станува Господ на сите луѓе (или барем на оние кои го прифаќаат христијанството)," пишува Хери Чидл во Вајс.
Според него истото го прави и Папата Францис, кога нагласува дека на атеистите и хомосексуалците им е потребна божја љубов и прошка, и го продолжува трендот кој и дозволува на црквата да се адаптира на новите околности за да избегне изолација.
"Пред илјада години Папите наредуваа инвазија на муслиманските земји, денес Папата им мие нозе на Муслиманки. Ова е прогрес, без разлика колку е бавен," објаснува Чидл.