И над Папата има Ватикан

По минатонеделното бранување на јавноста по изјавата на папата Франциско дека и атеистите се добри луѓе ако прават добри дела, ватиканската бирократија реши да дигне рачна и да повлече чекор назад. Сори, атеистите не можат да одат во рајот.

Официјалниот гласноговорник на Ватикан ретерираше од невообичаено храбрите зборови на новиот поглавар кој минатата недела ја шокираше јавноста со неочекуваната изјава дека и атестите се добри ако прават добро и дека и тие, како и луѓето од другите вери се искупени со крвта на Исус.

Пофалувајќи го својот шеф за умешноста да "користи јазик кој сите го разбираат", ватиканскиот портпарол издаде соопштение во кое на крај испаѓа дека луѓето - не го разбрале добро Папата.

"Тој се жртвуваше за сите нас, не само за католиците. Дури и за атеистите, за сите!", порача неодамна Франциско преку ватиканското радио, што само по себе е шокантно имајќи ја предвид официјалната догма дека нема спасение надвор од црквата. 

Со таа изјава Папата Франциско немаше намера да провоцира теолошка дебата. Да, Спасението секогаш доаѓа од Исус, но преку Црквата која е неговото тело. Значи, не може да бидат спасени оние кои знаат дека Црквата е создадена од Исус и е неопходна за спасение, а сепак одбиваат да влезат во неа и да останат во неа, појасни пресветиот Томас Росика.

Тој додаде дека надвор од Католицизмот, на Спасение можат да се надеваат само оние кои без своја вина не се запознати со речта Господова, но искрено го бараат неговиот пат и преку својата совест го продолжуваат неговото дело.

За деталите тука

  

29 мај 2013 - 13:45