За тоа дека не треба да се заборават на оние кои имале помалку среќа: "Можеме само да ги величаме чекорите кои се превземени за подобрување на добробитта на луѓето во области како здравствена заштита, образование и комуникации. Во исто време мора да се сетиме на мноштвото наши современици кои едвај живеат од ден за ден, со страшни последици."
За сериозноста на економското исклучување: "Како што заповедта 'Не убивај' поставува јасни граници за да се заштити вредноста на човековиот живот, денес треба да кажеме 'Не' на економското исклучување и нееднаквост. Ваквата економија убива."
За иднината на традиционалните економски учења: "Некои луѓе продолжуваат да ги бранат теориите на 'капење' кои претпоставуваат дека економскиот раст, поддржан од слободниот пазар, неизбежно ќе успее во носењето на поголема правда и опфаќање во светот. Ова мислење, кое никогаш не е потврдено од факти, изразува груба и наивна верба во добрината на оние во чии раце лежи економската моќ и во сакрализираното функционирање на доминантниот економски систем. Во меѓувреме, оние исклучените се уште чекаат."
За бумот на нееднаквост: "Додека заработувачката на малцинството расте експоненцијално, така е расте и просторот кој го дели мнозинството од просперитетот во кој уживаат овие неколку среќници."
За светската опсесија со парите: "Ние создадовме нови идоли. Обожавањето на древното златно теле се врати во нов и суров облик на идолатриски однос кон парите и диктаторството на безличната економија, на која ѝ недостасува вистинска човечка намена."
За опасниот микс на нееднаквоста и консумеризмот: "Очигледно е дека незауздениот консумеризам комбиниран со нееднаквоста се покажа двојно штетен за социјалното ткиво."
За улогата на државата во обезбедување на општо добро и регулирање на економијата: "Оваа нерамнотежа е резултат на идеологии кои ја бранат апсолутната автономија на пазарот и финансиските манипулации. Последователно тие ги отфрлаат правата на државите, обвинети за внимавање за општото добро, да применуваат каква било форма на контрола (на пазарот и економијата)."