По неколку години примирје, Гало повторно го крена Ватикан на нозе кога во декември 2012. богослужбата по повод прославата на 42 години од постоењето на San Benedetto al Porto, во Џенова, ја заврши со партизанската песна "Bella Ciao," која присутните верници ја проследија со хорско пеење.
Таман некако се смирија, само неколку месеци подоцна тој одлучи да му одржи миса на починатиот Хуго Чавез.
Андреа Гало на 20 години и се приклучува на католичката црква. Само 5 години подоцна тој завршува на мисија во Сао Паоло каде што ги довршува теолошките студии. Меѓутоа веќе следната година е протеран од таму од воената хунта и се враќа во Италија.
Тука почнува да работи во поправен дом за малолетници. Постојните репресивни методи ги заменува со педагошки пристап, а на штитениците на домот им дава слобода и доверба. 3 години подоцна, без објаснување тој е отпуштен.
Во 70-те години од минатиот век, Гало е прогласен за комунист а во една од црквите кои ги управувал бил откриен "простор за пушење хашиш."
Инцидентите во поновата историја почнуваат во 2006-та, кога во знак на поддршка на легализацијата на лесни дроги, Гало пали џоинт во градското собрание на Џенова. Во повеќе наврати ги осудува ставовите на католичката црква во однос на хомосексуалците, а во 2009-та и самиот учествува во Џенова прајд. За неговото залагање во 2011-та ја добива наградата "Личност на годината" од италијанската ЛГБТ заедница.