Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп пресече: Летното сметање на времето ќе биде трајно

22 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Трамп го поддржа предлог-законот од Конгресот за трајно задржување на летното сметање на времето. Тоа, според него, ќе овозможи заштеда на „стотици милиони долари“ за поместување на стрелките на часовниците по два пати секоја година.
  • Законот за заштита на сончевата светлина доби огромна поддршка од 48-1 на гласањето во Комитетот за енергетика и трговија на Претставничкиот дом и ќе биде вграден во Законот за автопати.
  • Сите сојузни држави, освен Хаваи и Аризона, во март преминуваат на летно сметање на времето, а во ноември се враќаат на стандардното. Само 12% од Американците го поддржуваат сегашниот систем, но другите се поделени кое време да биде усвоено. Според анкета од октомври, 56% се за летно сметање, со повеќе дневна светлина во вечерните часови, а 42% се за стандардното време, со повеќе светлина наутро.
  • Конгресмените и Трамп за трајно го избраа летното.
  • „Заштедата на дневната светлина ви дава подолг и посветол ден. И кој може да биде против тоа?“, забележа Трамп.

извор

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Првиот човек на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, го обвини Брисел дека го поткопува европското воздухопловство преку нееднакви давачки за јаглеродни емисии. Повисоко ги оданочува летовите во рамките на ЕУ, а ги ослободува американските и кинеските авиопревозници, иако тие испуштаат повеќе штетни гасови.
  • Според Евроконтрол, летовите на долги релации претставуваат само 6% од вкупниот број во Европа, но создаваат 53% од емисиите на јаглерод. Сепак, спаѓаат под поевтината категорија на ОН за компензација, а не во внатрешниот систем на на ЕУ.
  • Европската комисија предложи од 2029 година да ги прошири мерките врз одредени летови што поаѓаат од Европа, но тоа нема да важи за подолгите рути и летовите што пристигнуваат од САД и Кина.
  • „Урсула фон дер Лајен се плаши да направи нешто освен да зборува. Таа е бескорисна. Европа има патоказ за поголема конкурентност – тоа е Извештајот на Драги. Две години подоцна, ниту една од неговите препораки не е спроведена, а Урсула фон дер Лајен се крие во зградата 'Берлемон' и не прави ништо, освен што држи говори“, изјави О'Лири за Еуроњуз.

извор

Милиони хакерски напади врз интернет

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Фирми за кибернетска безбедност регистрирале милиони напади врз веб-страници откако беа објавени критични пукнатини во програмскиот јазик PHP на кој се потпира интернетот.
  • „Десет часа пред објавувањето на ранливоста, забележавме илјадници обиди за злоупотребување на мрежата. Таа бројка се зголеми на десетици илјади во 45-те минути по објавувањето, на стотици илјади во рок од 2 часа, а сега достигна милиони“, изјави Метју Принс, директорот на Cloudflare.
  • Додека се надградува заштитата на серверите, во прекин се многу владини, даночни, банкарски, авионски и железнички услуги од Финска до Јапонија.
  • „Тоа беше долг ден и долга ноќ, за сите што работат во информатичкиот и безбедносниот сектор. Вакво нешто не сум видел многу, многу долго време“, изјави Сатја Надела, извршниот директор на Микрософт.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Вардарова лекција среде Франција

Ракомет
2

Зеленски прифаќа крај на војната по сегашната линија на фронтот

3

Голот на вечерта е волејот на Политано во 54 секунда

Фудбал
4

Кои денови сте затворени?

Балканштина
5

Погодете што сега им пречи на Бугарите?

Балканштина
6

Мини(ч) порака до фундаменталистите

Видео
7

На научната фантастика ѝ треба фабрички рестарт

Мешано
8

Од Персискиот Залив сега излегува повеќе нафта отколку пред војната

1

Зеленски прифаќа крај на војната по сегашната линија на фронтот

2

Од Персискиот Залив сега излегува повеќе нафта отколку пред војната

3

И Европа размислува за директни преговори со Путин

4

Португалија го укинува „здравствениот туризам“

Свет
5

Пет европски земји ќе депортираат мигранти во Руанда

6

Луѓето на Трамп во трка по адвокати

Свет
7

Западот страда од безнадежност

Мислења
8

И натаму ќе чекаме Брисел да ни каже колку е саат

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Јако мување

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ружно ви е името, затоа не си го знаете (edited X2)

Плаво око за 20 секунди

Мозочно карате

За два ебени чаја...

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy